Македонија најбезбедна земја во регионот

by Fokus

Македонија е најбезбедна земја во регионот според Глобалниот индекс на мирот за 2023 година, што го изработува меѓународниот Институт за економија и мир. Според листата со земји, нашата земја се наоѓа на 38-то место во светот.

Од другите земји во регионот, Словенија се наоѓа на осмото место, Хрватска на 14 место, Црна Гора на 45-то, Босна и Херцеговина 61, а Србија 65-то место. Бугарија е рангирана на 30 позиција, Албанија на 40, а Грција на 60.

Најбезбедна земја во светот е Исланд, а најнебезбедна Авганистан.

САД се на 131 место, Украина на 157, Русија на 158 место.

На врвот на Глобалниот индекс на мирот веќе 15 години е Исланд како најбезбедна земја во светот. Меѓу првите пет се и Данска, Ирска, Нов Зеланд и Австрија.

Најлошо рангирани и најнебезбедни земји во светот се ДР Конго, Јужен Судан, Сирија, Јемен и Авганистан.

Институтот за економија и мир го изработува Глобалниот индекс според повеќе критериуми, од ниво на насилство, криминал и корупција, до тероризам и меѓународни конфликти.

Извештајот се базира и на податоци за трендовите во економијата и мирниот развој на земјите во светот.

Поврзани новости