Македонија на претпоследно место според обложувалниците, Украина на прво!

by Fokus

Македонската претставничка на Евровизија 2022, Андреа, моментално се наоѓа на претпоследното место на обложувалниците.

Зад Македонија, како последна е Словенија со претставниците ,,ЛПС” и песната ,,Диско”.

На официјалната страница на Eurovision world, може да се следи котирањето на земјите учеснички на обложувалниците, а веќе подолг период на првото место е Украина со песната ,,Стефанија” и Калуш Оркестар.

Зад Украина е Италија, потоа следат Шведска, Британија, Грција, Полска… Србија и Констракта се на 19-то место, Хрватска на 31-во, Бугарија на 32-ро, а пак Црна Гора на 38-то место.

В.К.

Поврзани новости