858
Песна посветена на претстојниот настап на македонската фудбалска репрезентација на ЕУРО2020, што од 11 јуни до 11 јули ќе се одржи ширум Европа, објави денеска популарното музичко дуо „ДНК“.
Нумерата насловена „Македонија на Европско“ е илустрирана со видеозапис на кој се појавуваат голем број познати имиња од македонскиот спорт и естраден живот, како и македонските фудбалски репрезентативци, кои на 13 јуни против Австрија во Букурешт го играат дебитантскиот натпревар на големите европски натпреварувања.
– Им посветивме песна на фудбалерите, кои се наши херои, и не само наши, на ДНК, туку на цела нација, истакнаа во објавата по повод новата навивачка нумера Владимир Блажев – Панчо и Андреј Ѓорѓиески од дуото „ДНК“.