Српскиот турбо фолк пејач Аца Лукас вчера престојуваше во Скопје, од каде ги сподели деталите за неговиот декемвриски концерт во Арена Борис Трајковски.
Тој истакна дека Скопје за него има посебно место во срцето и дека секој негов настап во македонската престолнина е уникатен, благодарение на топлината и енергијата на македонската публика.
– Македонија е мој втор дом, а публиката во Скопје секогаш ми дава неверојатна енергија. Овој концерт нема да биде исклучок – ветувам дека ќе приредиме шоу за паметење, порача Лукас.
Концертот ќе се одржи на 25-ти декември, а влезниците се пуштени во продажба.
Покрај Лукас, во земјава наредниот период гостуваат и десетици други фолк пејачи од соседството.
Најавени се нивни концерти во Арена Борис Трајковски, но и во многу ноќни клубови во градовите ширум државата.
Вики Клинчарова