Северна Македонија според новиот извештај на Стејт департментот за трговија со луѓе се уште е под надзор, односно е во рангот на земјите од TIER 2 заедно со Словенија, Хрватска, БиХ, Косово, Грција..
Извештајот беше претставен денес во Вашингтон од американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Списокот, TIER 2, вклучува земји чии влади не ги исполнуваат целосно минималните меѓународни стандарди, но прават значителни напори за усогласување со тие стандарди.
Земјите се рангирани во три категории: прва, втора и трета, при што втората има поткатегорија, TIER 2 WATCH LIST, каде се Србија, Бугарија, Црна Гора, што подразбира дополнително следење на состојбата на една земја во борбата против трговијата со луѓе.
Блинкен истакна дека трговијата со луѓе е „напад на нашите основни вредности – дека сите се создадени еднакви и имаат неотуѓиви права на живот, слобода и потрага по среќа“.
„Тоа им штети на нашите заедници, го ослабува владеењето на правото и ја поткопува нашата национална безбедност. Како што напиша претседателот Бајден во Националниот акционен план за борба против трговијата со луѓе, оваа администрација е посветена борбата да биде на врвот на нашата национална безбедносна агенда. Секоја година милиони луѓе се експлоатирани внатре и надвор од границите.Тие се принудени да работат во фабрики за мала или без плата.Работат во ужасни услови во рудници, градилишта и рибарски бродови или работат во приватни домови. Многу жртви се експлоатирани “, рече Блинкен.
Извештајот на Стејт департментот за трговија со луѓе е еден од најсеопфатните извори на информации за напорите против трговијата со луѓе на владите ширум светот. Првиот документ беше објавен во 2001 година..