557
„Македонија лек“ ќе добие максимална парична казна од 70 илјади евра, поради погрешните декларации на вакцините.
Ова денеска го истакна министерот за здравство, Венко Филипче по увидот на инспекторите од МАЛМЕД.
Според министерот, пронајдени се околу 650 кутии со погрешни декларации, а од белгискиот производител, Глаксоклајнасмит утврдиле дека вакцините не се со изминат рок.