698
Денеска пред собраниската Комисија за надворешна политика ќе бидат сослушани новите амбасадори кои се именувани од Владата и треба да заминат во дипломатска мисија во клучните престолнини, меѓу кои и во Вашингтон. По четири години, Македонија ќе има амбасадор во САД откако долго време се калкулираше кој ќе ја извршува таа функција.
Новоименуваниот амбасадор во САД, Зоран Попов доби агреман пред еден месец, а тој доаѓа од местото државен секретар во Министерството за надворешни работи.