Македонија ќе треба да плати 25.6 милиони евра за договорот со ОКТА

by Fokus

Македонија ќе треба да плати 25,6 милиони евра казна за кршење на договорот со поранешен „Хеленик петролеум“, објавија грчки и француски медиуми.

Ова е одлука на Арбитражниот суд во Париз кој пресуди во корист на грчката енергетска компанија која пак бараше 32 милиони евра.

Станува збор за процес во кој Република Македонија е тужена страна поради непочитување на обврските произлезени од купопродажниот договор на рафинеријата ОКТА случен во 1999 година.

Прашан за најавите од грчка страна дека овие средства ќе ги инвестираат во нафтоводот Солун-Скопје, советникот на премиерот рече дека за тоа во моментот не се разговара.

Поврзани новости