426
Македонија ќе достави иницијатива да биде домаќин на вториот „Светски конгрес на претприемачи” следната година.
На денешната седница на Владата министерката без ресор за странски инвестиции Зорица Апостолска добила задолжение да потпише протоколот за партнерство и соработка со Меѓународниот економски форум „Перспективи” од кој се очекува интензивирање на контакти за обезбедување странски инвестиции.
Владиниот кабинет усвоил и Информација за потребата од склучување амандман на Договорот за гаранција меѓу Министерството за финансии и Европската инвестициска банка за финансирање на мали и средни претпријатија и други приоритетни проекти од Планот за поддршка на домашните компании.