404
Министерството за надворешни работи денеска објави дека Македонија ќе протера еден руски дипломат од земјава во знак на солидарност со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
-Одлуката е донесена во тесна консултација со партнерите од ЕУ и НАТО, а се однесува на случајот со труењето на поранешниот двоен руски агент, Сергеј Скрипал и неговата ќерка. Нелегалното користење на воено хемиско оружје е во спротивност со Меѓународното право и тоа влијае на безбедноста на сите земји, се вели во соопштението на МНР.