548
Можно е условно отворање на преговори во јуни 2019 година, јави известувачот на МИА повикувајќи се на дипломатски извори.
Советот на ЕУ препорачува можно отворање на преговори за членство во јуни 2019 под четири услови: спроведување на итните реформски приоритети, спроведување на договорот за името, позитивен извештај на Европската Комисија и одлука на Советот на ЕУ.
Отворање на преговорите за Македонија е условено и со постигнување напредок во реформите.
Доколку се исполнат условите првата меѓувладина конференција би почнала пред крајот на 2019.