Македонија ќе добие 119 илјади дози вакцини на Фајзер/Бионтек до август

by Fokus

Австрија веднаш го прифати барањето на Европската комисија во февруари за координација при испорака на вакцини за Западен Балкан, бидејќи регионот е приоритет за австриската надворешна политика, вели во интервју за МИА шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг.

„За оваа цел, ние обезбедивме 651 000 дози од вакцината на Бионтек/Фајзер и пред неколку дена ги склучивме договорите со сите шест партнери од Западниот Балкан, откако ги решивме сите прашања поврзани со самата испорака и правните аспекти. Во Северна Македонија ќе бидат испорачани 119 000 дози во неколку транши почнувајќи од мај до крајот на август.

Австрија однапред ќе ги финансира вакцините. Земјите од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија, ќе бидат финансирани преку средства од ИПА II што Европската комисија ги одобри при крајот на декември минатата година. Така, сите 119 000 дози за Северна Македонија ќе претставуваат донација од страна на Европската унија и нејзините земји-членки“, вели Шаленберг.

Поврзани новости