Oфицијална Софија да го ослободи капацитетот на постоечкиот гасовод кој е и еднистевниот за влез на гас во земјава, бараат македонските власти.
Гасоводот е даден под закуп на Гаспром до 2030 и најголемиот дел од гасот кој поминува низ него мора да биде руски, за што пак Бугарија воведе повисока давачка. Доколку нема позитивен повратен одговор од бугарските власти, министерот за економија Крешник Бектеши најави дека земјата ќе бара оштета и од Бугарија и од Европската Унија.
„Ако тие воведуваат такса за природен гас кој доаѓа од ’Газпром’, што е легитимно од нивна страна и тоа може да го направат, тогаш да ги ослободат количините кои се закупени од страна на ’Газпром’ кон С Македонија. Тоа е нашето барање. Ние не сакаме да се мешаме во делот на фискалната политика која ја прави Бугарија, но секако дека во делот на либерализација на пазарите тука имаме целосно право да се жалиме и да бараме од ЕУ тие да се применат од нивните членки“, изјави Бектеши.
Доколку има зголемување на цената на прииродниот гас тоа може да ги зголеми трошоците и на Топланите кој во најголем дел го користат овој ресурс.
Регулаторна ги чека ажурираните податоците од компаниите во однос на трошоците, пред да биде донесена новата цена на парното следната недела.