Македонија со 2-0 ја победи Ерменија и покрај тоа што цело второ полувреме игравме со играч помалку поради исклучувањето на Зајков.
Првите 45 минути поминаа пред голот на голманот Огнен Чанчаревиќ. Македонија создаде повеќе шанси, но не го најде патот кон неговиот гол. Најсериозната можност ја имаше Елмас во 21. минута кога странично излезе сам пред голот на Ерменија, но Чанчаревиќ беше поуспешен од него. Во првиот дел од мечот се заканија и Бабунски, Барди, Зајков, но гол немаше.
Enis Bardhi hunts Armenia with this great freekick!
pic.twitter.com/JDB37TGlav— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 10, 2024
За маките да бидат поголеми, Зајков во самиот финиш од првото полувреме заработи втор жолт картон поради приговор и Македонија остана да го доигра мечот со фудбалер помалку.
Но и покрај тоа што имавме човек помалку на теренот продолживме да го загрозуваме голот на противникот.
Во 70. минута Барди постигна спекатакуалрен гол од слободен удар за водство на Македонија од 1-0.
Девет минути подоцна гол даде и Миовски по една соло акција во шесанесетникот на противникот, поведовме со 2-0 и веќе беше јасно кој ќе го добие натпреварот.