Македонија изгуби од Грција во квалификациите за ЕП

by Fokus

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва СЦ „Јане Сандански“ не успеа на домашен терен да ја победи Грција во квалификациите за Европското првенство 2026.

Нашите одбојкари изгубија од грчките со 1:3.

Натпреварот почна добро за Македонија и нашите одбојкари го добија првиот сет со 25:15.

Но, Грците се поправија и ги добија трите сета по ред – 25:18, 25:23 и 25:20.

Во Ф-групата, Грција има една победа од еден натпревар, Македонија една победа и еден пораз, Грузија еден пораз.

Следен меч за избраниците на селекторот Хари Наковски е во јуни следната година, дома со Грузија, а квалификациите ќе ги завршат во август со гостувањето во Грција.

Поврзани новости