Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за национална одбрана на Турција Хулуси Акар денеска во Истанбул потпишаа петгодишен договор за воено-финансиска соработа и протокол за негова имплементација.
Како што соопштија од МО, Договорот предвидува фазна алокација на средства на годишно ниво, кои од наша страна ќе бидат користени за модернизирање на армиските капацитети и јакнење на борбената готовност.
„Северна Македонија и Турција не се само стратешки партнери, туку и пријатели кои високо се почитуваат и соработуваат близу три децении, без ниту една дамка во односите“, рекла министерката Шекеринска, стои во соопштението.
Договорот за воено-финансиска соработка, нагласила таа, е уште една потврда за пријателството и соработката зацврстени и со НАТО сојузништвото.