686
Македонија и нејзината претставничка Тамара Тодевска сепак го освоија првото место според гласовите од жирото на Евровизија. Ова следува откако попладнево ЕБУ објави дека имало грешка во гласањето на жирито од Белорусија, по што ги корегираше финалните поени.
Со оваа корекција Македонија се искачи едно место погоре и на вкупниот пласман и го освои седмото место, што е наш најдобар пласман досега.
Корегираните поени и финалниот пласман според гласовите од жирито:
- North Macedonia (247 points)
- Sweden (241 points)
- The Netherlands (237 points)
- Italy (220 points)
- Azerbaijan (202 points)
- Australia (153 points)
- Switzerland (152 points)
- Czech Republic (150 points)
- Russia (126 points)
- Malta (87 points)