Македонија и Србија во „црвена зона“, за влез во Бугарија и сертификат и тест за ковид

by Fokus

Граѓаните на Северна Македонија, Израел, Турција и Србија кои доаѓаат во Бугарија од четврток мора да имаат и зелен сертификат и негативен ПЦР тест. Тоа е наредба од бугарскатѕа министерка за здравство Асена Шербезова.

Од четврток, 20 јануари, државјани на Република Северна Македонија, Израел, Турција и Србија и членовите на нивните семејства кои пристигнуваат од земја-членка на Европската унија, Европската економска област, Швајцарија, Велика Британија и Северна Ирска, Р. Северна Македонија, Израел, Турција и Србија, која е во „црвената“ зона, дозволен е влез на територијата на Бугарија со приложување валиден дигитален ЕУ-сертификат за КОВИД за вакцинација или прележана болест, со негативен резултат од ПЦР-тест до 72 часа пред влез“, соопшти прес-центарот на Министерството за здравство.

Исто така на 20 јануари „црвената зона“ ги опфаќа Албанија, Босна и Херцеговина, Колумбија, Република Малдиви, Фиџи, Демократска Република Сао Томе и Принсипе, Сент Винсент и Гренадини.

Поврзани новости