382
Македонија и Сррбија се многу поблиску до решение од она што беа на почетокот во преговорите за искористување на вишоците на природен гас на Србија за потребите на нашата гасна централа за производство на електрична енергија, која е со капацитет од 205 мегавати.
Ова денеска го истакнаа премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Нашите тимови не престанаа да работат и мислам дека во моментот сме многу поблиску до решение од она што бевме на почетокот“, рече Ковачевски.