Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Република Косово, Фљамур Сефај.
На средбата министрите Спасовски и Сефај го потпишаа Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за преземање на лица со незаконски престој, како и Протоколот меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Косово за прекугранично константно гонење.
-Соработката меѓу двете министерства е добра и постојат услови таа да биде продлабочена во наредниот период за полесно справување со криминалот, корупцијата, трговијата со луѓе, оружје итн. Генерално, глобалните предизвици кои што ги имаме сите, не ги одминуваат и наште две држави. Само преку заедничка соработка можеме да имаме безбеден регион- рече министерот Спасовски.