390
Македонија и Грција се согласија да формираат работни групи предводени од министрите за надворешни работи, кои ќе водат преговори за решавање на 25-годишниот спор за името, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров за агенцијата „Ројтерс“.
Тој очекува првата средба на новите групи да се одржи во февруари, при што директно ќе се преговара за можни решенија за спорот.
– Се разделивме убедени во тоа дека има волја на двете страни да се оди напред – вели шефот на македонската дипломатија за вчерашната средба во Солун со неговиот грчки колега Никос Коѕиас.