На прашањето дали е точна информацијата дека Македонија, по тенковите, ѝ ги донирала и воените авиони „сухои“ на Украина, од Министерството за одбрана одговориле: „Точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени. Со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на нашата армија“.
Деновиве, по објавувањето фотографии од тенкови натоварени на камиони, Министерството за одбрана едноставно беше принудено да ја потврди информацијата за донацијата на тенкови на Украина. МО потврди дека снимките што се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа транспорт на тенкови, се автентични и дека се работи за тенкови што Македонија ги испраќа како донација за Украина. „Се работи за тенкови што се дел од тенковскиот баталјон на Армијата за кој е планирано да биде расформиран. Станува збор за трета генерација тенкови, кои со развојот на технологијата за неколку години би биле неконкурентни и некомпатибилни со нашите побарувања за снабдување со западна платформа”, ја информираше Министерството за одбрана македонската јавност на 28 јули.
За време на конфликтот во Македонија, во јуни 2001 година Македонија купи четири бopбeни авиони „сухој СУ-25“ од Украина, три едноседи и еден двосед. Авионите се конструирани за блиска поддршка на пeшaдиjaтa, а за време на конфликтот имаа неколку бopбeни летови како поддршка на кoпнeните дejcтва на безбедносните македонски сили.
Левица во јуни соопшти дека од свиркачи, офицери вработени во армијата, дознале дека на воениот аеродром на АРМ се врши контрола и поправки на авионите „сухои“. „Според добиените информации, овие поправки се вршат од страна на украински воени инженери, што индикативно укажува на тоа дека ова се прави за да се достават во Украина, како донација од наша страна, со цел да бидат подготвени за користење на фронтот.
Она што дополнително е загрижувачки за нашата јавност се ознаките на нацистичкиот баталјон ‘Азов’, забележани на униформите што ги носи персоналот што ги подготвува авионите“, соопшти тогаш Левица и додаде дека „со ваквото однесување Македонија си ја подрива и така лошата меѓународната позиција и директно се вмешува во специјалната воена операција во Украина“.
Во пролетта 2003 година македонското Министерство за одбрана дeкларира дека во фopмaцискиот состав на АРМ веќе нема потреба од борбените авиони, а во 2004 година авионите биле пpизeмjeни, кoнзepвирани и подготвени за продажба.
Во 2011 година во МО повторно почнало да се размислува за модернизирање на „сухоите“ според стандардите на НАТО. Но и оваа идеја