Македонија и Чешка потпишаа Договор за ремонт на хеликоптери

by fokus

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорот на Чешка во Скопје, Јарослав Лудва денеска потпишаa Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу владите на двете земји.

Договорот, кој е по принципот „Влада со Влада“, како што соопштија од Министерството за одбрана, е во рамки на планот за модернизација и опремување на капацитетите на Армијата и предвидува ремонт на два хеликоптери Ми-8МТ во период од 13 месеци.

– Договорот за ремонт на хеликоптери претставува Договор „Влада со Влада“ (G2G) и ќе ја зајакне и интензивира билатералната и одбранбената соработка со Чешката Република. Со предвидениот ремонт на хеликоптерите ќе се зголеми борбената готовност на Армијата, додека истовремено ќе се унапреди интероперабилноста на воздухопловниот ВИНГ со сојузниците, појаснуваат во соопштението од МО.

Поврзани новости