Македонија и Бугарија заедно ќе ги чествуваат Климент и Самуил, а допрва треба да се договорат за Делчев

by Фокус

Владата денеска усвои информација за првиот состанок на меѓувладината комисија за историски и образовни прашања со Бугарија, која предвидува заедничко чествување Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил.

„При секое официјално чествување на овие личности потребно е историската вистина за нашата заедничка историја јасно да се одбележува. Се прифаќаат заедничките принципи и забелешки за содржината на учебниците за 5 одделение во Република Бугарија и за 6 одделение во Република Северна Македонија (Праисторија и Античка историја). Се поддржува предлогот на Комисијата за разгледување на наставниот материјал во учебниците за 6 одделение во Република Бугарија и 7 одделение во Република Северна Македонија (Среден век) до крајот на 2019 година“, соопштија од владата.

- Advertisements -

Во соопштението уште се додава дека заедничката мултидисциплинарна експертска комисија решително да ја забрза својата активност за значајни теми од нашата заедничка историја (Гоце Делчев, Илинденското востание и други), и да настојува да се постигнат реални резултати до крајот на 2019 година во однос на содржината на учебниците.

Поврзани новости