570
Владата на вчерашната седница го разгледа и усвои Меморандумот за соработка во полето на природниот гас помеѓу Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за енергетика на Република Бугарија.
Во однос на ова Владата, како што соопшти нејзината прес-служба, го овластила министерот за економија да го потпише меморандумот за соработка помеѓу двете земји.
„Како што беше оценето, оваа соработка ќе овозможи нова директна врска помеѓу двата система за природен гас на Република Македонија и Република Бугарија“, наведува владината прес-служба во соопштението.