Македонија го призна Гуаидо како в.д. претседател на Венецуела

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров попладнево преку својот Твитер профил соопшти дека Македонија го признава Гуаидо како в.д. претседател на Венецуела.

-Република Македонија, во согласност со своите европски партнери, го поддржува и го смета претседателот на собранието на Венецуела, Гуаидо, за привремен претседател, во согласност со Уставот, за да ги спроведе претседателските избори слободно, праведно и демократски, напиша Димитров.

Поврзани новости