Македонија го положи испитот пред ЕП, Казахстан „падна“ во Скопје

by Fokus

Македонската фудбалска репрезентација со победа ги заврши пријателските мечеви, а денеска Казахстан не можеше ништо против разиграната селекција на Игор Ангеловски (4-0).

Резултатот беше отворен во 35. минута кога Алиоски реализираше од белата точка за водство на Македонија од 1-0. Пеналот беше досуден поради фаул врз Елиф Елмас.

Пред истекот на првото полувреме, Казахстан остана со играч помалку откако Мужиков доби директен црвен картон по стартот над Ристески.

Во 57. минута убаво додавање од Пандев до Костадинов кој асиситираше до Тричковски а тој постигна гол за водство на Македонија од 2-0. Неполни 20 минути подоцна, Милан Ристовски се запиша во листата на стрелците, постигнувајќи гол со глава за 3-0. Тоа беше дебитантски гол за Ристовски во А-тимот на македонската репрезентација.

Во следната минута уште еден гол за Македонија, овојпат Чурлинов погоди за убедлива предност од 4-0.

Поврзани новости