МАКЕДОНИЈА ГО ДОБИ 5О-ТИОТ МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ

by Fokus

50 фантастични добивки МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна Видео Лотарија во вкупна вредност од  74.381.821,00 денари на Државна Видео лотарија, реализирани  за една година. Покрај овој тип на добивки, на видео лотариските терминали на Државна Видео Лотарија реализирани се и 6687 МИНИ ЏЕК ПОТ добивки вредни 50.213.537,00 денари. 

За една година Државна Видео лотарија израдува многу играчи на видео лотариските терминали ширум Македонија кои станаа добитници на 124.595.358,00 денари.

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни мината година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 50 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 74.381.821  денари. Покрај нив, освоени се и 6687 Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 50.213.357 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.

Последниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ  вреден 1.634.549 денари е освоен на 3 јули, 2017 во Клуб 77 во Градско. Интересно е да се додаде, дека на истиот датум постигнат е и најголемиот износ на ЏЕК ПОТ на играчката платформа вреден 502.631 денари. Најголемиот износ на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ  е вреден 1.794.419, а беше освоен во Вемакс Тобако во Кичево.

Под мотото Играј за забава, Државна Видео лотарија во јуни го започна караванот низ Македонија. Досега се реализирани 60 промотивни настани со ваучери и  многу подароци кај нашите деловни соработници, како и 20 едукативни промоции со цел да ги поттикнеме играчите на одговорно играње. Во текот на ова лето, секој викенд ќе се забавуваме со игрите на вода низ Македонија, подготвувајќи интересни подароци додека адреналинот од забавата расте.

 

 

 

Поврзани новости