532
Комитетот на министри во Советот на Европа на денешната седница одлучи да покрене процедура за разгледување на барањето на Косово за прием во оваа организација. Против овој предлог гласаа Унгарија, Романија, Кипар, Шпанија, Азербеџан, Грузија и Србија, пренесува Танјуг.
Воздржани беа БиХ, Грција, Словачка, Молдавија и Украина, додека Ерменија не гласаше.
Зелено светло дадоа 33 земји. Земјите од регионот кои ја поддржаа оваа одлука се Црна Гора, Словенија, Македонија, Хрватска и Албанија.
Со ова барањето на Приштина ќе биде проследено во парламентарното собрание на Советот на Европа.