Македонија ги избра жените на годината

by Fokus

Во десет категории, 10 од 50 финалистки се изборија за победа во македонскиот избор за ,,Жена на годината 2021”. Прогласувањето на дамите кои беа избрани се случи во ,,Рагуза 360” во Скопје, во организација на Маркетинг 365 и Касиа Евентс, а настанот е поддржан од Пивара Скопје, Тиквеш, Кариера.мк, Орбико, Империјал Тобако, Пеко, Охридски Бисер Филеви и други. Титулата жена на годината ја доби д-р Маја Мојсова Мијовска, која е национален координатор за трансплантација.

Покрај неа, беа прогласени победнички и во следните категории: Жена менаџер на годината – Ленче Карпузовска Жена со трајни вредности – Винка Саздова, Странец жена менаџер на годината – Букет Геречи, Млада жена менаџер на годината (до 40 години) – Андреа Илоска Симоноска, Жена со најголеми достигнувања во културата – Регина Икономовска, Жена со најголеми достигнувања во спортот – Ирена Дишовска, Жена со најголеми достигнувања за општеството – Дина Дума, Жена со најдобар стил – Светлана Црнокрак, Инфлуенсерка на годината – Елена Стефановска, а пак посебна награда и беше доделена на Лилјана Варадиновска, како жена која ги поддржува и мотивира жените претприемачи.

Целта на настанот е да им се оддаде признание на жените кои остваруваат резултати со своите професионални и општествени ангажмани.

Вики Клинчарова

Поврзани новости