Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификациите за пласман на Светското првенство. Македонија виза за Мундијалот во 2026 година треба да обезбеди преку Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.
Беа извлечени 12 групи, а само победниците од групите ќе обезбедат директен пласман на Светското првенство.
Шест групи се составени со по четири селекции, а во шест групи ќе се натпреваруваат по пет репрезентации.
Дванаесетте второпласирани селекции, плус четирите најдобропласирани од Лигата на нации, кои не се меѓу 24-те селекции кои ќе завршат на една од првите две позиции во групите, ќе имаат шанса да се пласираат на Светското првенство, преку плеј-оф.
Квалификациски групи за пласман на СП:
Група А: Победникот од дуелот Германија-Италија, Словачка, Северна Ирска, Луксембург
Група Б: Швајцарија, Шведска, Словенија, Косово
Група Ц: Поразениот од натпреварот Португалија-Данска, Грција, Шкотска, Белорусија
Група Д: Победникот од дуелот Франција-Хрватска, Украина, Исланд, Азербејџан
Група Е: Победникот од дуелот Шпанија-Холандија, Турција, Грузија, Бугарија
Група Ф: Победникот од натпреварот Португалија-Данска, Унгарија, Република Ирска, Ерменија
Група Г: Поразениот од натпреварот Шпанија-Холандија, Полска, Финска,
Литванија, Малта
Група Х: Австрија, Романија, Босна и Херцеговина, Кипар, Сан Марино
Група И: Поразениот од натпреварот Германија-Италија, Норвешка, Израел, Естонија, Молдавија
Група Ј: Белгија, Велс, Македонија, Казахстан, Лихтенштајн
Група К: Англија, Србија, Албанија, Латвија, Андора
Група Л: Поразениот од дуелот Франција-Хрватска, Чешка, Црна Гора, Фарски Острови, Гибралтар.