Неспособната власт на СДСМ и ДУИ која креираше расипнички буџет за 2022 година, ништо не може да подобри со ребалансот на буџетот. Напротив дополнително ќе ја продлабочи економската криза до степен на катастрофа, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Кратењата на средства за капитални инвестиции се еден од показателите дека и со овој ребаланс буџетот нема да има никаква развојна компомента.
Очигледно дека остануваат нечепнати уште стотици милиони евра непродуктивни трошења, на сметка на кратењата на капиталните инвестиции, изградби на патишта, болници, и други проекти кои се двигател во секоја економија.
Заради лошите досегашни економски политики оваа власт на СДСМ и ДУИ ја доведе Македонија да биде задолжена над 7 милијарди евра со тендеција тој долг уште да расте, да биде земја со најнизок раст на БДП во регионот, да биде меѓу земјите со највисока стапка на инфлација, да биде земја со 35% од граѓаните во ризик од сиромаштија, да биде земја со најмалку странски инвестиции, да биде една од најсиромашните во Европа итн, се вели во реакцијата.
Инаку со ребалансот којшто го утврди Владата, објави дека ќе се скратат 200 милиони евра непродуктивни трошоци, расходите поради кризата и поради потребата да се заштити стандардот на граѓаните ќе мора да се зголемат за над 470 милиони евра.