Македонија е подготвена да помогне со 100 војници, вели министерката Петровска по барањето за помош од Словенија

by Fokus

До Центарот за управување со кризи како контакт точка на Република Северна Македонија преку НАТО механизмот за помош при катастрофи (Евро-атлантски координативен центар за одговор на катастрофи) пристигнало барање за помош на Словенија.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска по консултации со Генералштабот на Армијата, извести дека Армијата на Република Северна Македонија е подготвена да испрати 100 армиски припадници, кои по донесување на Одлука на Владата и давање согласност на Претседателот и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, ќе бидат подготвени да тргнат а дали и колку точно припадници на Армијата ќе заминат за Словенија ќе се одлучи во координација со Владата на Република Словенија, која треба да се изјасни дали ја прифаќа понудената помош и во колкава бројност.

До Дирекцијата за Заштита и спасување, како контакт точка со ЕУ, преку Координативниот центар за одговор на итни состојби на ЕУ пристигна барање за помош на Словенија со тешка механизација: булдожери, багери и слично.

Досега шест лица ги загубија животите во катастрофалните поплави што ја погодија државата. Ситуацијата во поплавените региони и натаму е критична.

Поврзани новости