„Македонија е оценета дека е подготвена да биде дел од внатрешниот пазар на ЕУ“ вели Битиќи

by Fokus

Вицепремиерот Битиќи за „Слободен печат“ вели дека во вториот Кластер, кој се однесува на внатрешен пазар, во седум од девет поглавја Северна Македонија е оценета дека е подготвена да биде дел од внатрешниот пазар на ЕУ.

„Во 78% од поглавјата сме оценети како умерено подготвени, што значи дека имаме релативно добро ниво на подготвеност за да одиме на следното ниво. Мислам дека тоа е одлична стартна позиција и во однос на другите земји од Западен Балкан. Ние треба само да ги започнеме преговорите и последниот исчекор да го направиме, за веќе следната година да влеземе во претпоследната категорија, затоа што после умерена подготвеност е категоријата на добра подготвеност, а после тоа следува старт, почеток“, изјави вицепремиерот Битиќи.

Според вицепремиерот реални се оценките на Извештајот во однос на Кластер 2- Внатрешен пазар, а каде е изнесено дека во однос на економските критериуми Северна Македонија има постигнато напредок и е на добро ниво на подготовка за развој на функционална пазарна економија, притоа наведувајќи ги и антикризните мерки со кои Владата во 2022 година ги поддржа домаќинствата и бизнисите со големи енергетски субвенции, даночни намалувања и директна поддршка на приходите.

„Таму кај што треба да бидеме најсилни, а тоа економијата, оценети сме релативно добро. Таму ќе го видиме најголемиот бенефит кога ќе станеме дел од ЕУ. Сега со европскиот План за раст на економиите за Западен Балкан , со кој најавија дека ќе имаме достапност од 6 милијарди евра пред да влеземе во ЕУ, во кој ние како земја ќе имаме пристап до 1 милијарда дополнителни средства надвор од тоа што го имаме со ИПА средствата“, рече вицепремиерот Битиќи.

Поврзани новости