Македонија е на раб на банкрот, вели Стојаноски за ребалансот

by fokus

Во наредните три недели Собранието ќе расправа за ребалансот на буџетот за 2022 година. Овој ребаланс е директен доказ за тоа дека Македонија е на раб од банкрот, економски разрушена, испокрадена и земја во која на дневна основа се зголемува сиромаштијата, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Оценува дека државата никогаш немала повисока стапка на јавен долг, највисока инфлација во последните 20-тина година, огромен недостиг на домашно производство на електрична енергија, најнизок економски раст во регионот, но најкорумпирана власт која за пет години успеа да уништи сиот институционален капацитет што се создавал во минатото.

-Македонија е задолжена како никогаш до сега. До крајот на годината јавниот долг ќе пробие и нов плафон, осум милијарди евра. Со месеци водите преговори со ММФ за кредитна линија која покрај нас ја бараат Панама и Мароко. Се наоѓаме во група на земји кои имаат најголем пораст на јавниот долг во периодот од пред корона-кризата до денес. Се радувате на инфлацијата, затоа што така ќе се намали процентот во однос на БДП. Генерации и генерации ќе го плаќаат економското цунами што се случува во моментов, вели Стојаноски.

Најави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија, поднела 174 амандмани.

Поврзани новости