Македонија е на 68 место за водење бизнис

by Fokus

Македонија е рангирана на 68. место на листата на Форбс за водење бизнис, која е составена врз основа на 15 фактори, вклучувајќи имотни права, даноци, технологија, ниво на корупција, слобода, бирократија, големина на пазарот, квалитет на живот и работна сила.

„Од својата независност во 1991 година, Македонија постигна напредок во либерализацијата на економијата и подобрување на деловното опкружување. Нејзините ниски даночни стапки и слободни економски зони помогнаа да се привлечат странски инвестиции, но тоа е се уште на ниско ниво во однос на остатокот од Европа. Корупцијата и слабото владеење на правото остануваат значителни проблеми. Некои фирми се жалат на нетранспарентни прописи и нееднакво спроведување на законот. Македонската економија е тесно поврзана со Европа како клиент за извоз и извор на инвестиции и трпи последици како резултат на пролонгираната слабост во еврозоната“, се наведува во појаснувањето на Форбс.

Невработеноста и натаму е висока со околу 23 отсто, но можно е да е преценета поради постоењето голема сива економија, која се проценува дека изнесува меѓу 20 и 45 отсто од БДП, што не е забележано во официјалната статистика. Македонија работи на изградба на нафтовод и дистрибутивна мрежа низ целата земја. Во моментов, Македонија ги добива своите мали количини природен гас од Русија преку Бугарија, истакнува Форбс.

Поврзани новости