Македонија донира за украинскиот народ: Ова е листата на потребни производи!

by Fokus

Здружение на Украинците во Македонија ,,Лесја Украина” и иницијатива ,,Greening of the planet” отворија пункт за собирање на хуманитарна помош за украинскиот народ.

Пунктот се наоѓа во магацин на компанијата ,,Горска холдинг” во Скопје, на адреса Ѓорче Петров, улица Шарпланинска број 4.

Потребните производи можат да се остават секој работен ден од 10 до 19 часот, а во сабота од 10 до 14 часот.

Украинци кои живеат во Македонија за ,,Фокус” велат дека секоја помош е добредојдена, и апелираат за хуманост.

Потребни се прехранбени производи, облека, обувки, постелнини, садови, пластични садови за една употреба, шатори, душеци, сапуни, средства за хигиена и за чистење, болнички кревети, инвалидски колички, мобилни телефони, свеќи, кревети на расклопување…

Целата листа на потребната помош за Украина во прилог.

Вики Клинчарова

Поврзани новости