Македонија доби поддршка од 250 милиони евра од ЕБОР

by Фокус

Европската банка за обнова и развој ќе ја поддржи Македонија со 250 милиони евра за справување со последиците од корона вирусот. Како што соопштија од владата, овој пакет е наменет за поддршка на финансискиот сектор и за енергетскиот сектор, за мали, средни и големи претпријатија, а дел од поддршката е насочена и кон инфраструктурни проекти.

Од владата информираа дека премиерот Оливер Спасовски, заедно со министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за економија Крешник Бектеши, одржале видеосостанок со претседателот на ЕБОР Сума Чакрабарти и негови соработници за состојбата и последиците со пандемијата на коронавирусот. Притоа, Чакрабарти изразил задоволство како властите во земјава се справуваат со пандемијата.

„Чакрабарти упатил искрени честити за членството на нашата земја во НАТО и за почнувањето преговори со Европската унија. Тој истакнал дека ЕБОР останува посветена на поддршката на Северна Македонија во процесот на преговори со ЕУ и во најкус период ќе биде потпишан меморандум за соработка за оваа сфера“, стои во владиното соопштение.

Поврзани новости