Македонија за првпат добива Академија за готвачи, од која се очекува да излезат одлични готвачи кои потоа со добиениот сертификат ќе можат да се вработат во високо квалитетни угостителски објекти, за „Фокус“ појаснуваат од угостителскиот комплекс „Ми Каса“, кој е лоциран на Кале, во Скопје, и веќе неколку години наназад е привлечна дестинација за посетителите и љубителите на добра храна.
Како што информираат, Академијата за готвачи „Ми Каса“ нуди шест-месечен курс.
– Курсистите освен што ќе научат сè во врска со готвењето, добиваат и овластен сертификат со кој можат да се вработат во steakhouse или во било кои висококвалитетни угостителски објекти. Исто така, ќе имаат можност да учат од високореномиран кадар кој ќе им помогне да ги усовршат своите вештини.
На курсот можат да се запишат сите заинтересирани лица кои што се над 18, па се до 55 години и со завршено средно образование, велат од Акедемијата, а заинтересираните можат да ги добијат сите детали на телефонскиот број 078/272838 или на е-маил: academy.micasa@gmail.com
Инаку, комплексот „Ми Каса“ е всушност стек хаус со бутик хотел со 15 соби и спа центар. Имаат искусен тим на готвачи и нудат несекојдневни специјалитети.
Успешно функционира во Скопје и во Истанбул, а мотото им е дека кај нив се сплотуваат љубовта и храната.
Вики Клинчарова