Владата го овласти амбасадорот Дане Талески да изрази согласност за приемот на Шведска и Финска во НАТО.
– Владата на Република Северна Македонија денеска одржа вонредна, 46-та седница, и донесе одлука да го овласти постојаниот претставник на нашата земја во НАТО, амбасадорот Дане Талески, да даде согласност за прием на Кралството Шведска и Република Финска за членство во НАТО, соопшти владината прес служба.
Шведска и Финска официјално ги доставија апликациите за членство во НАТО до генералниот секретар Јенс Столтенберг на онлајн видео-церемонија мината недела.
Турскиот претседателот Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Анкара не може да прифати проширување на Алијансата, а да ја загрози безбедноста на Турција. Тој ги обвинува Шведска и Финска дека го поддржуваат тероризмот.