Македонецот кој падна во кома во Ниш е пулмологот Ангелко Ѓорчев, татко на Влатко Ѓорчев

by Фокус
Македонецот што падна во кома по вакцинација во Ниш е Анѓелко Ѓорчев, татко на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, кој вечерва информираше дека  неговиот татко се бори за животот на респиратор. Според Влатко Ѓорчев, неговиот татко тргнал за Ниш да се вакцинира бидејќи немал таква можност во Македонија.
„Македонија немаше вакцина за старите луѓе со нарушено здравје. Тој е лекар, пулмолог, интернист, професор што предаваше на студенти, човек што лечи луѓе, се уште активен доктор, со 45 години лекарски стаж, со слабо срце. Не е само татко ми, туку нема вакцини за илјадници други. Ниту за старите, ниту за медицинските работници. Поради овој дебакл, фијаско и катастрофа. За вакцинацијата сметам дека треба да продложи и дека тоа е начинот да се заштити јавното здравје“, напиша Влатко Ѓорчев на фејсбук.
Катко откако ја примил вакцината, на Ангелко Ѓорчев му се слошило и загубил свест. Го реанимирале на лице место, па го однеле со брза помош на кардиологија. Од денес, се наоѓа на интензивна нега во новиот клинички центар во Ниш.

Поврзани новости