Македонецот Димовски го ,,разгази” црвениот тепих на Оскарите!

by Fokus

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 96-то издание на Оскарите, односно на доделување на наградите на академијата. Оскарите се доделуваат еднаш годишно и се филмски награди од Академијата за филмски уметности и науки, како признание на професионалците од филмската индустрија.

Церемонија се емитува во живо во голем број на земји ширум светот, а на црвениот тепих се појавуваат врвни имиња од филмската индустирја. Годинава, од Македонија на настанот присуствуваше Давид Мука Димовски, кој објави повеќе фотографии од тамошната атмосфера.

Димовски пред неколку години се појави на сцената како музичар и беше дел од групата „Проџект Орфеус“ каде беше фронтмен. Потоа почна да создава соло кариера, а во последните години е длабоко навлезен во филмската индустрија. Тој се потпишува како главен актер и продуцент во македонската акциона ТВ серија „Blackops“. Исто така, тој е амбасадор на повеќе модни брендови.

Вики Клинчарова

Поврзани новости