Македонец возел 250 на час во Србија

by fokus

Српската сообраќајна полиција денеска околу 12:30 часот на автопатот Ниш-Белград, кај Велика Плана, запреле возач на возраст од 32 години, кој возел со 252,8 килопметри на час, на делот од автопатот каде што е дозволена брзина од 130 километри.

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, возачот на „ауди А8“, кој е државјанин на Северна Македонија, е исклучен од сообраќајот.

Против него ќе биде поднесена прекршочна пријава за насилничко возење.

Поврзани новости