Македонец во Србија возел со 2,52 промили алкохол во крвта, па удрил во полициско возило

by Fokus

Српски полицајци му одредиле притвор на 24-годишен државјанин на Македонија, кој вчера возејќи „тојота“ предизвикал две сообраќајни незгоди, а притоа во крвта му биле измерени 2,52 промили алкохол.

Информациите од српските медиуми се дека тој прво удрил во паркирана „шкода“ сопственост на 73-годишна жена, а потоа пред сообраќајната полициска станица удрил во полициско возило кое тргнало на увид по пријава од сопственикот на „шкодата “, известија од Полициската управа во Јагодина.

Против возачот ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава.

Поврзани новости