Македонец убиен со колец од дете во Бугарија

by Фокус

Македонски државјанин е убиен на Сончев Брег, Бугарија, јавуваат бугарските медиуми повикувајќи се на информации од полицијата. Мажот бил избоден со колец.

Од бугарската полиција велат дека во четвртокот околу 11 часот, регионалната канцеларија на Несебар добила порака дека машко тело со видливи повреди на главата било пронајдено во шумски предел до ресторанот „Бацвата“ на Сончев Брег, Запад.

По увидот на полицијата, било утврдено дека станува збор за 49-годишен македонски државјанин, а убиецот е 14-годишно дете од Несебар.

Убиството е извршено со прободување со остар колец, причините се истражуваат.

Убиецот е во притвор.

Поврзани новости