834
Ернесто Талви, по татко Македонец, а мајка Кубанка, е нов министер за надворешни работи на Уругвај.
Обединетата македонска дијаспора му честита на изборот и порачаа дека се надеваат дека Македонија и Уругвај ќе ги зајакнат билателарните и трговски односи.
-Утрово, ОМД му честиташе на Ернесто Талви, кој е од македонско потекло по татко, што стана министер за надворешни работи на Ориентална Република Уругвај. Министерот Талви има импресивно и долго искуство како политичар и економист. Му посакуваме успешен мандат како министер за надворешни работи и се надеваме дека Уругвај и Македонија ќе ги зајакнат своите билатерални и трговски односи под негово водство.