Страшна трагедија ја потресе јавноста во Австрија, а медиумите известуваат дека сопруг ја избодел на паркинг својата 32-годишна жена. Осомничениот е 36-годишен државјанин на Македонија. Од Македонија е и неговата веќе почината 32-годишна жена, која е мајка на две деца.
Според локалните медиуми убиецот ја пречекал својата сопруга на паркинг пред супермаркет. Тука ја избодел до смрт, пред очите на повеќе сведоци. Австриската полиција соопшти дека жртвата е повеќе пати избодена со нож во вратот и дека починала на лице место.
Децата на брачниот пар се на возраст од шест и десет години. Тие не биле на местото на настанот кога се одиграла сцената.
Австриските медиуми пишуваат дека по ужасната семејна трагедија децата биле веднаш згрижени во соодветните институции. Убиецот е уапсен, а пронајдено е и оружјето со кое е извршено убиството.
Мотивот за убиството не е познат.