Македонец приведен во Грција откако учествувал во сообраќајка

by fokus

Македонски државјанин е приведен во полициска станица во Солун по сообраќајна несреќа што се случила на автопатот во Атина. Во несреќата починал грчки државјанин кој се возел на мотор.

Неофицијални извори од Министерството за надворешни работи за „Фокус“ велат дека на Македонецот му е обезбедена потребната помош во текот на денот, а се останато е во рацете на грчките органи, велат извори од МНР.

Неофицијално станува збор за потежок случај и се очекува утре приведениот Македонец да биде изнесен пред истражен судија. Официјални информации од МНР најавуваат за утре.

М.В.

Поврзани новости