Прилепчанецот Глигор Кедиоски (45) кој со семејството живеел во Ливерпул одбивал да се вакцинира, но се заразил со Ковид-19 и починал, пишува „Liverpool Echo“.
Кедиоски ги игнорираал молбите на сопругата Билјана и не сакал да се вакцинира. За жал, во средината на декември се заразил со коронавирусот, поминал околу три недели во болница, по што бил ставен во индуцирана кома. Тој починал на 2 јануари од последиците на инфекцијата со коронавирус.
Глигор во заедницата бил познат како великодушен човек и добар пријател. Бил вработен во фабрика а во текот на пандемијата работел како доставувач. Со билјана имаат петгодишна ќерка.
Неговите пријатели и семејство сега собираат пари за телото на Глигор, според неговите желби, да се однесе во Македонија.
-Беше прекрасен пријател- еден од оние луѓе кои се тука за вас доколку ви е потребна помош. Беше познат по тоа. Го запознав во Ливерпул, но и двајцата сме од исто место. Беше малку постар од мене. Ми стана навистина многу добар пријател, вели Роберт Каралиоски, пријател на Глигор.
Според него, кога бил примен во болница, само Билјана смеела да го посетува.
-Таму остануваше со часови и по вели денови, особено последната недела. Последните два дена спиела во болницата. Кога го ставија во индуцирана кома, сакаше да биде покрај него за да може да зборува и да пушта музика. Додека се уште беше свесен, му носеше македонска храна која ја сакаше. Цело време беше тука за него, додава тој.
Роберт верува дека враќањето на телото на Глигор ќе обезбеди мир на семејството, па преку GoFundMe собираат пари за да го „однесат дома до неговата крајна дестинација, неговиот сакан град Прилеп“.
-Неговиот татко е сè уште жив. Желбата на Глигор и неговото семејство беше тој да биде пренесен назад во Македонија. Секојдневно неговото семејство дома ја повикува Билјана за да ја праша кога сè ќе биде финализирано и кога телото ќе пристигне таму. Тоа е ноќна мора за целото семејство, им треба смирување. Сите се обидуваат да помогнат. Тоа е навистина тешко време, особено за неговата ќерка. Таа секогаш прашува кога татко ѝ се враќа од болница и тоа е најтешко да се одговори, вели Роберт.
Покрај тоа што сака да се погрижи телото на Глигор да биде вратено во неговата земја, Роберт се надева дека неговата приказна ќе ја подигне свеста за виталната важност на вакцинацијата против Ковид.
Тој додаде: „Глигор не беше вакциниран. Билјана беше целосно вакцинирана, но тој не беше. Се плашеше од вакцината, не беше сигурен како ќе функционира. Се плашеше дека ќе добие некаква здравствена компликација од вакцината. Билјана се обиде со се за да го убеди да ја земе вакцината, но не можеше да го убеди. Сега, навистина сакаме да ја подигнеме свеста за важноста на вакцините, вели Роберт..