Македонец настрада во обид да ја заштити сопругата од нејзиниот претходен маж

by Fokus

Горан С.(61) со прекар Роге од Врачево Гај кај Бела Црква (Србија) во четвртокот е уапсен под сомнение дека го убил сегашниот сопруг на неговата поранешна сопруга Бобан П.(61), државјанин на Македонија.

Откако било констатирано дека несреќниот маж починал, по наредба на Вишото јавно обвинителство Панчево на осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа.

Горан С. во четвртокот вечерта по конфликт со Бобан П. е лишен од слобода. Тој е обвинет за сторено кривично дело – убиство.

Осомничениот пред многу години се развел од сопругата и таа останала да живее во Италија. Како што за српските медиуми објасниле жителите на Врачево Гај, таа во последните шест-седум години била во емотивна врска со Бобан П., со кој и се омажила.

– На 8 август, во вечерните часови екс сопругата на Горан дошла кај нејзиниот пријател заедно со Бобан, куќа која е спроти куќата на осомничениот. Горан С. видел италијански таблички на автомобилот на соседот од другата страна, па излегол да се пресмета со поранешната сопруга – вели за српски „Курир“ сведок на трагедијата.

Според него, Горан бил груб со поранешната сопруга, почнал да и вика и да ја навредува.

– Тогаш Бобан станал за да ја заштити сопругата, но се заврши фатално – додава изворот.

– Горан С. ненадејно замавна со раката во правец на Бобан П. и го удри со тупаница во главата. Несреќниот човек падна како покосен на бетонот пред дворот. По тој прв и единствен удар, тој повторно не стана, а сите што беа сведоци на конфликтот почна да ги фаќа паника и повикаа полиција и брза помош, која, за жал, можеше само да констатира смрт – вели соговорникот.

Инаку, Горан С. по смртоносниот удар се вознемирил и заминал дома.

– Ниту тој не очекуваше таков исход. Прво отишол дома и и кажал на сегашната сопруга што се случило, а потоа повторно излегол надвор со неа и таму ја чекал полицијата. Замина мирно со нив – велат соседите и додаваат дека никогаш немале проблеми со Горан С.

– Добро се согласувавме со него. Не знаеме што му требаше ова, си го уништи животот – заклучуваат соговорниците.

 

Поврзани новости